Во Италија претреси кај 11 осомничени за навреди кон претседателот Матарела

Un fermo immagine tratto da un video dei carabinieri mostra un momento dell'operazione del Ros "Offesa all’onore e al prestigio del Presidente della Repubblica” , 11 maggio 2021. ANSA/ CARABINIERI

Италијанските карабинери спровеле рации и претреси ја единаесет осомничени лица за навреди на честа и авторитетот на шефот на државата Серџо Матарела, како и за поттикнување на злосторство.

Операцијата се одвивала по барање на обвинителството на италијанската престолнина Рим во неколку градови во земјата, меѓу кои се Торино, Перуџа и Болоња, се наведува во соопштението на полицијата.

Еден од осомничените за споменатите дела е 53-годишен универзитетски професор.

„Неговата поврзаност со антисемитските и расистички групи и активист е откриена преку руската социјална мрежа Вконтакте“, се истканува во соопштението.

Други тројца од осомничените, исто така, се идентификувани како приврзаници на крајно десната сцена.

Претресите и истрагата е проширана на електронските пошти и профилите на социјалните мрежи на осомничените и овозможила запленување на бројни компјутерски системи и мобилни електронски уреди кои биле користени за испраќање закани до претседателот Матарела.

Различните содржини, кои биле предмет на истрагата, се онесува на периодот од април 2020 до февруари 2021 година. Возраста на осомничени се движи меѓу 44 и 65 години.

„Во текот на истрагата беше идентификувано ширење преку интернет на многу навредливи дејствија против шефот на државата, коишто највероијатни се резултат на внимателно осмислена стратегија за агресивност против високите институции на власта во земјата“, се истакнува во соопштението.

Кон крајот на 2019 година обвинителството на Палермо ја заврши истрагата за сличен случај за навреди упатени на адреса на претседател Матарела, кои се појавија на Facebook пролетта 2018 година. Еден од обвинитите, потсетуваат италијанските медиуми, се покајал за делата и побрала простевање на прелиминарното рочиште.