
Во Италија во последните 24 часа се потврдени рекордни 19.644 случаи на коронавирус, со тоа од почетокот на пандемијата во таа земја се регистрирани вкупно 504.509 случаи.
Во еден ден починале 151 лица а вкупно досега 37.210.
Премиерот Џузепе Конте рекол дека сака да избегне повторно воведување на целосно затворање на земјата кое допринесе во намалувањето на ширењето на епидемијата оваа пролет, пренесе „Ројтерс“.
Неколку региони воведоа полициски час во текот на ноќта, а се очекува владата наскоро да воведе нови мерки.