Во Италија уапсени фалсификатори на над пола милион евра во монети

Дванаесет лица се уапсени од италијанската полиција поради фалсификувани монети на евра, за кои се претпоставува дека нелегално се внесени од Кина.

Европол соопшти дека истрагата почнала во септември, кога над половина милион евра во фалсификувани монети од едно и две евра биле откриени во чанти во контејнер покрај Неапол.

Апсењата се спроведени минатата недела, а меѓу уапсените е и осомничениот лидер на криминалната група, жител на Гана, кој работел во италијанскиот град Палермо.

Производството било контролирано од лице од Шангај, кое имало капацитети за производство на голема количина на фалсификувани монети.