
Во италијанскиот град Остана се роди бебе по цели 28 години.
Жителите на гратод не северот на Италија го прославиле раѓањето на првото бебе по 28 години.
Малиот Павло е роден во Торино, а кога среќните родители го донеле дома, во градот со само 85 жители била приредена голема прослава.
Градоначалникот Џкомо Ломбардо бил воодушевен.
-Прво не можев да верувам дека тоа е вистина. Веста ме шокираше, пресреќен сум. Ова е остварување на сонот, рекол првиот човек на местото од кое жителите се иселуваат веќе 100 години.
Во градот на почетокот на 20. век живееле илјада луѓе, а по Втората светска војна започнало иселувањето.
Родителите на бебето се воодушевни од реакцијата на сограѓаните и велат дека покрај предизвиците планираат да останат во Остана, на околу 60 километри југозападно од Торино…