Во изградба се две нови улици во Вевчани, вели Кочовски, и извршена е една реконструкција

Општина Вевчани во своите градежни активности реши да ги насочи према изградба на нови и реконструкција на постоечката патна инфраструктура во Вевчани. За таа намена се обезбедени средства, веќе во изградба се две улици во Вевчани и една целосно нова и реконструкција на една од поглавните улици во Вевчани која води од центарот према Здравствениот Дом и училиштето и градинката во Вевчани, истакна Спасе Кочовски, градоначалник на општина Вевчани.

-Активно работиме на обезбедување проекти и ги следиме повиците на фондовите во државата, припремаме проекти и за таа намена обезбедени се 40 милиони денари, за изградба и реконструкција на нови патишта и постоечките. И сметаме дека најпотребно во овој момент е изградба на таа патна инфраструктура бидејќи општина Вевчани е заокружена, имаме нова училишна зграда реконструирана скоро 80% и градинка и сега дојдено е време да ги реконструираме постоечките улици во Вевчани. Сакаме да ги изградиме најмодерни градежни стандарди, значи цела електрична и комуникациона мрежа оди под земја, осветлувањето е со канделабри, моментално се наоѓаме на таква изградена улица, која ја изградивме пред 2 месеци, со најмодерни градежни стандарди, додава Кочовски.