Во изминатите три години во Србија опаѓа поддршката за влез во ЕУ

Во изминатите три години, во анкети на „Фактор Плус“ се покажува дека поддршката на српските граѓани за ЕУ се намалува, објави весникот „Блиц“.

Имено, брегзит, францускиот претседател Емануел Макрон, кој рече дека не е за проширување како и Косово, ја намаллиле поддршката за влез во ЕУ.

Весникот известува дека во 2019 година 38 проценти од анкетираните сметале дека не треба Србија да влезе во ЕУ, само 35 проценти биле склони „да влезат“, а дури 27 проценти немале став.

Весникот наведува дека во изминатите три години заинтересираноста на граѓаните за членство на државата во ЕУ е на најниско ниво од 90-тите години.

Директорот на агенцијата „Фактор плус“, Владимир Пејиќ, вели дека најголем интерес за влез во Унијата постоел од 2000 до 2005 година, и дека првиот пад на довербата доаѓа од отцепувањето на Црна Гора, а потоа во 2008 година со прогласувањето на независност на Косово.

„Тоа не е драстична разлика денес во однос на пред неколку години, но таа е помалку поддршка за влез од кога и да било“, вели Пејиќ.

Според него, во 2017 година, со понудените различни години за влез, 36 проценти од граѓаните сметале дека тоа ќе се случи по 2024 година, а третина – дека тоа никогаш нема да се случи.

Истражувањето за 2018 година открило дека само 1 процент од испитаниците сметаат дека Србија ќе влезе во 2025 година во ЕУ, а само 19 проценти сметаат дека тоа ќе биде веројатно до 2030 година, додека 33 проценти сметаат дека тоа никогаш нема да се случи.

Последната – 2019 година, донесе уште поголема поддршка на одговорот – никогаш, па така мислат  36 проценти од испитаниците, додека 17 проценти веруваат дека може да се случи до 2030 година, наведува весникот.