Во изминатото деноноќие произведени 17 799 мегавати електрична енергија

АД ЕСМ на 17.02.2023 година произведе 17 799 мегавати електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и за потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти, соопшти Владата.

Во термоелектраните се произведени 12 063 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 5 736 мегавати.

Владата овие податоци ги презема од Диспечерскиот извештај на АД ЕСМ за 17.02.2023 година.