АД ЕСМ вчера произведе 21.611 магават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти. Како што информираат денеска од Владата, во термоелектраните произведени се 15.959 магават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.652 магават часови струја.