Во изолација и 10-тина новинари и сниматели кои го следеле Кризниот штаб во Куманово

И 10-тина новинари и сниматели кои ја следеле прес-конференцијата пред седницата на Кризниот штаб  во Куманово се ставени со изолација.  Мерката следуваше откако градоначалникот на Куманово, Максим  Димитриевски дозна дека е позитивен на ковид-19 и тоа го објави. Потоа во домашна самоизолација беа ставени премиерот Спасовски, вицепремиерот Османи, министрите Филипче и Адеми и државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, но и други лица .

На прес-конференцијата кадешто вчера зборувале и Спасовски, Османи, присутни биле новинари и сниматели на неколку телевизии: „Телма“,  „Алсат М“, „Сител“, „ТВ 21“ и други, а некои колеги потоа земале и изјави од  Димитриевски.

Првиот тест на коронавирус ќе им биде направен в четврток, по празникот.