Во Израел над 1.000 тешко забoлени ковид-пациенти

(Photo by Menahem KAHANA / AFP)

Првпат по речиси една година бројката на тешко заболените пациенти со Covid-19 во Израел е поголема од илјада.

Министерството за здравство во саботата ноќта објави дека во болиниците се лекуваат 1.010 пациенти со тешка форма на Covid-19. Претходниот највисок показател беше потврден во јануари 2021 година, кога имаше тешко заболени околу 1.200 пациенти.

Израелските болници моментално се оптоварени, бидејќи остро пораснел и бројот пациенти со грип. Во петокот биле потврдени околу 53.000 нови зарази со Covid-19.

Пред една седмица бројот на заразените надмина 85.000, што е рекорден број на заразени во ден во Израел од почетокот на пандемијата. Статистичкиот биолог Еран сЕгал од Институтот Вејзман во Реховот смета дека Израел веќе го минал пикот на бранот на заразата со омикрон варијантата на коронавирусот.

Бројката зарзи на дневно ниво расте и покрај тоа што на 30-ти декември беше одобрена и втората „бустер“ доза, или вкупно четврта од вакцините против Covid-19 за лицата со слаби имунитет. Во земјата со 9,2 милиони жители во која веќе повеќе од половината веќе ја примија и третата „бустер“ доза, потешките случаи на коронавирусната болест се присутни кај невакцинираните, според властите.