Во израелските напади во вторникот убиени 143 луѓе во Газа и повеќе од 77 во Либан

Израел ги продолжува смртоносните напади врз јужен Либан, пренесуваат светските медиуми. Во вторникот се убиени повеќе од 77 луѓе, а 15 од убиените се во последните напади врз Сарафанда и Харет Саиди во близина на градот Сидон. Меѓу убиените имало голем број на жени и деца.

Во израелските напади врз Либан досега се убиени 2.2787 луѓе, а над 12.000 се ранети. Од друга страна, израелските медиуми јавуваат дека од почетокот на копнената инвазија на израелската армија во Либан, најмалку 33 израелски војници биле убиени. Хезболах истовремено потврдува дека 516 нивни борци загинале во борбите во јужен Либан.

Во нападите врз Газа во вторникот биле убиени 143 луѓе, соопштија медеицинските власти во Газа, од кои 132 на опколениот северен дел од Појасот. Во Газа досега се убиени над 43 000 луѓе, а повеќе од 100.000 се ранети од почетокот на војната.