Во првиот месец од новата година од грип се заболеле 2.090 лица, а во оваа сезона се регистрирани два смртни случаи.
Од Институтот за јавнос здравје соопштија дека во текот на четврата недела од 2014 година во Македонија се регистирани 2.090 заболени од грип.
Во споредба со бројот на заболени во четвртата недела од минатата сезона, каде беа евидентирани 1.715, се бележи зголемување за 21,9 отсто , а во однос на епидемискиот праг, просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, кој изнесува 1.079, се регистрира зголемување за 93,7 отсто.
Во оваа сезона, заклучно со последната недела, од грип се разболеле 5.428 , а регистрирани се два смртни случаи асоцирани со инфекција со вирусот на грип. Во четвртата недела, регистриран е еден смртен случај, кај маж на 82-годишна возраст, кој на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е донесен во тешка состојба и без свест, со историја на хронични болести (срцева слабост, дијабетес, цереброваскуларни инсулти) и кај кој лабораториски е потврдена инфекција со вирусот на инфлуенца А/H3N2.
Во споредба со истиот период минатата година, 3 .474 заболени, постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 56 отсто , а во однос на просекот за 10-годишниот период 4.828 се регистрира зголемување за 12,4 отсто.
Заболени лица за целата оваа сезона се пријавени од сите извештајни единици, но во седум единици бројот на регистрирани заболени лица е помал од 10.
Најголем број на заболени во оваа сезона се регистрирани на територијата на Куманово – 846 и Скопје со 841 заболен.
Од Институт за јавно здравје соопштија дека бројот на пријавени случаи на грип/заболувања слични на грип во Македонија го задржува трендот на континуиран пораст, но во последната недела се бележи лесно намалување на интензитетот на пораст. Се очекува трендот на пораст на активноста на вирусот на грип да се одржува и во наредните недели, со варијации во интензитетот.
Во циркулација се двата подтипа на вирусот на инфлуенца А и инфлуенца Б вирусот, со доминација на вирусот на инфлуенца А/H3N2.