Во Канада минатата година се зголемил бројот на жители за повеќе од еден милион

Бројот на жители во Канада се зголеми за повеќе од еден милион луѓе првпат минатата година, речиси целосно благодарение на меѓународната миграција, објави Владата.

Населението во земјата се зголемило од 38.516.138 на 39.566.248 луѓе, покажуваат официјалните канадски статистички податоци.

Зголемувањето од 2,7 проценти претставува највисока годишна стапка на раст на населението во Канада од 1957 година.

Според статистичките податоци, зголемувањето на населението беше делумно поттикнато од владините напори да прифати мигранти во земјата за да се олесни недостигот на работна сила.