Во Канада започнаа неизвесните избори

Канаѓаните во понеделникот започнаа да гласаат на парламентраните избори на кои ја бираат новата влада и решаваат дали ќе му дадат втор мандат на премиерот Џастин Трудо или ќе се одлучат за малдиот конзервативец Ендрју Џејмс Шир.

Избирачките места се отворени во 8,30 часот по локално време во покраините Њуфаунленд и Лабрадор, на истокот од Канада, во земјата која се протега на осум временски зони, а последните избирачи ќе гласат во Британска Колумбија, на западот од земјата. Првите резултати се очекуваат по полноќ по средноевропско време.

По тензичната кампања, околу 24,7 милиони Канаѓани се повикани да изберат 338 пратеници. Доколку анкетите се покажат точни, досегашниот премиер Џастин Трудо нема повеќе да располага со мнозинство.

Изборната кампања заврши токму онака како и што започна пред 40 дена, со речиси совршено подеднакви шанси за двете големи парии кои се менуваат на власт уште од 1867 година, што не се случило со децении, забележуваат аналитичарите. Според последните анкети, либералната партија од политичкиот центар на Џастин Трудо добива меѓу 31 и 34 отсто од гласовите, а конзервативците од десниците мешу 32 и 33 отсто од гласовите, што ќе предизвика ниедна од овие партии да не го минат прагот од 170 мандати кој го гарантира апсолутното мнозинство. Двете главни партии се израмнети, а малите партии напредувале.

Потпретседателот на институтот за јавно мнение Leger, Кристиан Бурке, изјави пред изборите дека „од 1980-те години не бил сведок на изборна кампања во која двете париите се толку израмнети и ниедна не успеава дополнително да ги убеди гласачите во својата предност“. „Со 31 или 32 огсто од гласовите, либералите се многу близу својот најлош историски резултат. Премиерот Трудо не е способен да ги убеди гласачите да се качат на неговиот воз“, сликовите објаснува Бурке. Од друга страна, пак, вели „шефот на конзервативците со 32 или 33 осто очигледно е неспособен да ги убеди оние од центарот да гласаат за десницата“.

Бидејќи трите телевизиски дебати на двете големи партии не им помогнаа да привлечат дополнителни симпатизери, малите партии имаа раст во анкетите. Така во случајот на малцинска влада пресудна улога би можела до има Новата демократска партија на Џагмет Сингх Џими Дхаливал, припадник на Сиките кој сака шарени турбани.

И челникот на Блокот за Квебек, на Ив-Франсоа Бланше, кој своите членови на кандидира членовите го кандидраше само во Квебек, може да им одземе гласовите на либералите и конзервативците.

„Како и на претседателските избори во Франција, големите традиционални историски партии не успеваат повеќе да инспирираат, да фасцинираат и да ги мотивираат гласачите“, истканува Бурке.