ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Во Караматорск 10 мртви, во Одеса 42

Во Украина денеска продолжија судирите. Во градот Краматорск загинале 10 лица, јавува РИА Новости. Бројот на жртви во Одеса се искачил на 42.

Истовремено, според најновите информации што ги пренесува Итар-тасс, повикувајќи се на извештај од украинското Министерствот за внатрешни работи, бројот на жртви во Одеса се зголемил на 42, додека 125 се повредени и пренесени во болница по пожар во зградата Дом на синдикати.

Украина соопшти дека воените операции против проруските сепаристи на истокот на земјата утрово се продолжени во близина на градот Краматорск.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

Како што рекол за РИА Новости неименуван лидер на силите за самоодбрана во Краматорск, сите десет луѓе кои се убиени при судирите се цивили, а повеќе од 30 луѓе наводно биле повредени.

Нападот на украинската војска на Краматорска, како што наведува РТ, почнал во петокот ноќта.

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков на „Фејсбук“ напишал дека украинските сили зазеле телевизиска кула во Краматорска, кој се наоѓа во близинна на бунтовничкото упориште Славјанск, каде вчера се водеа жестоки борби. Тој не навел информации за жртвите.

Украинската војска вчера во Славјанска остварија најголем напредок од почетокот на оружениот бунт на истокот на земјата пред месец дена. Добро вооружени сепаристи соборија два воени хеликоптери во овој град кој што има 130 илјади жители, наведува Ројтерс.

„Активната фаза на операцијата е продолжена во зори. Нема да запреме“, напишал Аваков на социјалната мрежа.

Руските медиуми во текот на ноќта известуваа за судири во близина на Краматорск. Тие , повикувајќи се на болнички извори, објавија дека едно лица загинало, а деветмина се ранети.

Претходно загинаа екипажи на два хеликоптери соборени во Славјанск. Сепаристите соопштија дека во офанзивата на украинските сили на тој град загинале тројца борци и двајца цивили.