Во Кенија ексхумирано 21 тело на членови на секта која се изгладнува за да се сретне со Исус

Дваесет иедно тело е ексхумирано на истокот на Кенија, а станува збор за припадници на секта коишто, по наговор на нивниот водач кој е уапсен, се изгладнувале за да го „спознаат Исус“, објави тамошната полиција во сабатата.

„Од петокот ексхумирано е 21 тело во шумата Шакахола… Одвај ја загребавме површината и тоа навестува дека ќе најдеме уште тела“, изјавил за агенцијата AFP полициски извор кој сакал да остане неименуван.

Кениските власти минатата седмица откриле останки на четворица припадници на „Меѓународната црква на добрите вести“ која ја водел извесен Мекензи Нтенге. Ги продолжиле пребарувањата по трагите на дојавите дека во посочената област би можело да се наоѓа масовна гробница.

Во болницата е пренесени 11 припадници на сектата, седум мажи и четири жени, на возраст од 17 до 49 години кои се спасени во шумата Шакахола. Водачот на сектата Мекензи Нтенге ѝ се предал на полицијата на 15-ти април и моментално е во притвор, каде што започна штрајк со глад, додал соговорникот на AFP.

Полицијата ја започна истрагата кога примила информации дека челнови на една секта „умираат од глад за да се сретнат со Исус“, а дека на тоа ги навел водачот на „Меѓународната црква на добрите вести“. Според локалните медиуми, Мекензи Нтенге бил уапсен и во март, откако две деца починале од глад, но потоа бил пуштен на слобода со кауција.