Во Киев размислуваат да ја повикаат Москва на мировен самит

Украина и нејзините западни партнери би можеле да повикаат Русија на идниот мировен самит поради разговори за ставање крај на двегодишната од руската инвазија во соседната земја но според условите во Киев, ја пренесува Reuters изјавата на висок украински функционер.

Како што беше најавено претходно седмицава, Швајцарија ќе биде домаќин на состанок на највисоки претставници на десетици земји на кој ќе се дискутира за мировните решенија предложени од украинскиот претседател Володомир Зеленски. Тоа решение на подоцнежен состанок би можел да се пренесе на Русија, како што потврдил во неделата Андриј Ермак, шеф на кабинетот на Зеленски.

„Може да дојде до ситуација во којашто би ги повикале претставниците на Руската Федерација, каде што ќе им биде претставен планот во случај дека оној кој тогаш ќе ја претставува земјата на агресорот искрено ќе сака да ја заврши оваа војна и да се врати на праведниот мир“, изјави Ермак на прес-конференција во Киев.

Швајцарија во петокот им најавила на Обединетите нации дека има намера да организира мировна конференција на високо ниво за Украина „до летото“, за време на состанокот на Генералното собрание за да ја одбележи втората годишнина од руската инвазија во Украина.

„На барање на Украина, планираме да организираме мировна конференција на високо ниво за Украина до летото. Затоа, би сакал да ја искористам оваа прилика да ги повикам сите народи да дејствуваат заедно кон нашата заедничка цел“, рече швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис.

Зеленски своето мировно решени првпат го претстави на самитот на земјите од групата Г20 во ноември 2022 година, откако кон крајот март, неколку седмици по почетокот на руската инвазија, беше речиси постигнат мировен договор во Истанбул од кој подоцна Киев се откажа.

Планот на Зеленски предвидува целосно повлекување на руските сили и обновување на украинскиот територијален интегритет, но ништо не споменува за решавањето на прашањето за главната причина за почетокот на граѓанската војна по превратот во Киев во 2014 година а кое беше една од главните причини за руската инвазија на 24-ти февруари 2022 година – правата на руското и рускојазичното населени на Украина. Покрај тоа, Киев одбива да разговара со Москва додека сите руски војници, вклучително и од црноморскиот полуостров Крим на кој беа стационирани со меѓудржавен договор и по 1991 година, не се повлечат од украинска територија. Исто така, Украина донесе закон со кој се забрануваат преговори со рускиот претседател Владимир Путин кој инаку според уставните одредби мора да го потпише секој договор.

Москва уште пред една година го оцени планот на Киев како неприфатлив за нејзините интереси и неостварлив, а неодамна од Кремљ повтори дека во моментов нема основа за мировни преговори меѓу Русија и Украина, како и дека планот на Зеленски е апсурден бидејќи ја исклучува Русија.

Во петокот Генералното собрание на ОН со мнозинство гласови ја осуди инвазијата на Русија повикувајќи на „сеопфатен, праведен и траен мир“, барајќи од Москва да ги повлече своите трупи и да ги прекине борбите.
„Нема потреба да се губи време на залудните планови на Киев засновани на таканаречената мировна формула на Зеленски. Тоа не е ништо друго освен ултиматум до Русија и обид да се вовлечат што повеќе земји на бескрајни состаноци за овој утописки проект“, порача рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја.

Рускиот дипломат порача дека сѐ уште постојат изгледи Украина да биде зачувана во некој облик, но посочи дека Киев мора да води мирољубива и неутрална политика.

„Сакам да нагласам: сè уште е можно да се зачува Украина во некоја форма, но таа мора да биде мирна, неутрална Украина, во која нема дискриминација и русофобија и во која нацистичките криминалци не се величаат, и од која нема произлегува закана за Русија. Токму кон постигнување на овие цели е насочен нашата специјална воена операција“ во Украина, рече Небензја користејќи го официјалниот термин со ој Москва ја означува инвазијата во соседната земја.

Како што истакна Небензја, Западот има избор: дали Русија ќе треба да се бори до крај за ова, како што таа „умее да го стори“ или, сепак, ќе преовладува здравиот разум во Вашингтон, Лондон и Брисел и тие ќе се обидат да спасат барем нешто од Украина.

Претходн рискиот амбасадор во текот на седницата на Генералното собрание на ОН рече дека „привремено окупираните територии на Украина не постојат, туку има нови руски региони: Крим, републиките Доњецк и Луганск, регионите Керсон и Запорожје“.

Тој, исто така, предупреди дека колективниот Запад ќе мора да одговара за она што ѝ е направено на Украина и ја нарече „формулата за мир“ на Владимир Зеленски лажна на која не вреди да се губи време.

„Доколку нема вистински преговори засновани на вистинска проценка на ситуацијата на теренот, целите на Северниот воен округ сепак ќе бидат постигнати“, нагласи Небензја.