Кина го забележа најтоплиот август откако почнаа да се снимаат метеоролошките податоци во 1961 година, објави денеска јавната телевизија CTV. По особено долги недели жештини, минатиот месец просечната температура во Кина беше 22,4 степени Целзиусови, надминувајќи го претходниот историски рекорд за 1,2 степени Целзиусови, објави телевизијата повикувајќи се на Метеоролошката служба.
„Бројот на денови со интензивни горештини летово беше исклучително голем“, констатира Метеоролошката служба, прецизирајќи дека последиците се уште се чувствуваат, пренесува Бета-Франс прес.
Топлотните бранови не се невообичаени во лето во Кина, особено на сушниот запад и југ. Но, оваа година, метеоролошките услови се екстремни, влошени со затоплувањето на климата, според научниците.
Август беше, исто така, третиот најсушен месец забележан во Кина, со просечни врнежи за 23,1 отсто под нормалата.