Во Кина има околу 200 фантомски градови, односно градови во кои околу 60 милиони станови се сосема празни.
Луксузни станови, прекрасно уредени паркови, одлична инфраструктура, џиновски трговски центри. Вака изгледаат модерните кинески градови, но она што сепак им недостасува – се жители.
Според експертите, една од причините за тоа е пренасочување на невработените кон градежништвото, со што се градат непотребни објекти, како и екстремно високите цени на недвижностите.