![peking koronavirus](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/peking-koronavirus.jpg?resize=696%2C449&ssl=1)
Кина во понеделникот извести за 49 нови случаи на Covid-19, додека властите во Пекинг настојуваат да се справат со ново жариште на заразата со коронавирусот поврзано главно со пазар во кинеската престолнина.
Во моментов во болниците во Пекинг вкупно има 79 пациенти со Covid-19. До 11-ти јуни во градот во текот на 56 дена немаше регистриран ниеден случај на зараза со коронавирусот.
Од вкупниот број новозаразени во Кина, 36 случаио се однесуваат на главниот град во кој илјадници луѓе се тестирани отоако на пазарот на големо Ксинфади, во југозападниот дел од Пекинг, во четвртокот неочекувано избувна заразата. Овој пазар обезбедува 90 отсто од свежото овошје и зеленчук во градот.
Според локалните здравствени власти во погодениот кварт е воведена „воена состојба“ и некои делови од градот се под блокада и забрането е патувањето меѓу некои делови од Пекинг. Пазарот е затворем, а со тестирањето се опфатени десетици илијади жители и започната е акција да се влезе во трагата на сите лица кои биле на тој пазар или биле во контакт со лица кои биле на пазарот. Дел од училиштата во повеќе од десет градски кварта ја откажаа наставата.
„Ризикот од ширење на епидемијата е многу висок, па мораме да преземеме решителни мерки“, изјави портпаролот на пекиншката градска управа Ксу Хеџијанг на прес-конференција во понеделникот.
Пазарот Ксинфади е 20 пати поголем од оној во Вухан од кој според сегашните сознанија започна пандемијата на Covid-19 и на него се продаваат илјадници тони разна храна. Епидемиолог на кинеската влада изјави дека секвенцирањето на ДНК на вирусот покажало дека тој би можел на пазарот да дојде од Европа.
Во квартовите во околината на пазарот се воведени дополнителни мерки на построга контрола на движењето на луѓе и возила, дезинфекција и мерење на телесна температура.
Пекиншките власти во потрага по заразените од неделата спровеле 76.499 тестирања, а позитивни биле 59 лица, изјави во понеделникто портпаролот на градската комисија за здравство, Гао Ксиаоџун.
Воена состојба е воведена во градот Баодин во провинцијата Хабеј, соседна на регионот на Пекинг. Баодин има околу 11 милиони жители и се наоѓа на 147 километри од главниот град. Мерката е преземена поради избувнувањето на Covid-19 на споменатиот пекиншки пазар.
„Оперативниот штаб за борба против епидемијата најви брзо воведување воена состојба и почеток на механизмот за воени услови за да се спречи ширењето на епидемијата во Баодинг“, се вели во соопштението на градските власти.
Тие истакнуваат дека меѓу Баодинг и Пекинг има многу голема фреквенција на движење на стоки и луѓе, поради што е неопходен висок степен на претпазловост.