Во Кина потврден првиот случај на птичји грип кај човек

Во кинеската покраина Ѓангсу е забележан првиот случај на птичји грип (H10N3) кај човек.

Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека вирусот е откриен кај 41-годишен маж.

Во соопштението се наведува дека заразеното лице од 23 април имало неколку симптоми на болеста, меѓу кои и покачена температура, и дека на 28 април се обратило во локалната здравствена установа.

Се истакнува дека при обемната генетска анализа на вирусот потврдено е дека станува збор за птичји грип.

Се наведува дека H10N3 е вирус чија вирулентност кај живината е ниска и дека постои мала можност за негово ширење.

Само 401 изолати на вирусот се пријавени во периодот од 40 години до 2018 година, претежно кај диви птици или водни птици во Азија и во некои ограничени области на Северна Америка, а досега никој не бил откриен кај кокошки, рече Клас.

Анализата на генетските податоци на вирусот ќе биде неопходна за да се утврди дали тој личи на постари вируси или дали станува збор за нова мешавина од различни вируси, додаде тој.

Многу различни видови на птичји грип се присутни во Кина, а некои спорадично заразуваат луѓе, обично оние кои работат со живина. Нема значителен број на човечки инфекции со птичји грип откако вирусот Х7Н9 уби околу 300 лица во текот на 2016-2017 година.

Ниту еден друг случај на човечка инфекција со Х10Н3 претходно не е пријавен на глобално ниво.