Голем број луѓе во Кина завршуваат во притвор бидејќи одбиваат да бидат во карантин или намерно кријат дека патувале во области погодени со коронавирус.
Во севернозападната покраина Џингхај полицијата соопшти дека еден работник, инаку мигрант, е под истрага поради сомнеж дека ја загрозил јавната безбедност со тоа што намерно прикривал дека патувал во Вухан, пренесуваат кинеските медиуми.
Според полицијата, тој ги прикривал симптомите на вирусот, грозница и кашлање, доаѓал во контакт со соседите, а премолчил и дека со него во Вухан бил и неговиот син.
Потврдено е дека двајцата имаат коронавирус и се наоѓаат во карантин.
Во текот на минатата недела забележани се слични случаи и во други кинески покраини.