Властите во регионот Синџијанг на западот на Кина, привеле 380 лица и разбиле 32 терористички ќелии изминатиот месец, колку што трае акцијата на безбедносните сили против исламистичките екстремисти, јавија денеска кинеските медиуми.
Кина започна со пресметка со екстремистите по низата крвави инциденти, посебно во Синџијанг каде што живеат муслиманите Ујгури.
Кинеските власти ја префрлија вината за нападите на исламските сепаратистри од Синџијанг кои на тоа подарчје сакаат да воспостават независна држава Источен Туркестан, потсетува Ројтерс.
Во последните неколку години во овој дел имало 200 жртви, потврди владата, вклучувајќи и 13 лица кои полицијата ги усмртила во текот на нападот на една полициска станица изминатиот викенд.