Во Кина во неделата 16 новозаразени со коронавирус повеќето од странство, а 74 во Јужна Кореја

Кина и Јужна Кореја во неделата забележале помал број на нови случаи на зараза со коронавирусот во однос на претходниот ден, при што во Кина трет ден со ред е поголем бројот на „увезени“ нови случа отколку на оние кои се пренесуваат локално, поради што се заострени мерките за патниците на меѓународните линии.

Кина извести дека во неделата регистрирала вкупен пад на новите зарази од коронавирусот, но големите градови како Пекинг и Шангај ја продолжуваат борбата со случаите на заразени патници кои доаѓаат од странство.

Кина во неделата имала 16 нови потврдени случаи на зараза, објави во понеделникот Националната здравствена комиија, што е за 20 случаи помалку отколку во саботата. Вкупниот број потврдени случаи во Кина со тоа ја достигна бројката од 80.860 лица.

Од новите случаи, 12 инфекции биле увезени од странство, што е трет ден со ред ваквите случаи да го надмина бројот на случаите на зараза кои се пренесуваат локално. Поради тоа, Кина ги заостри проверките на патниците на меѓународните дестинации, а главниот град Пекинг бара од сите кои ќе пристигнат од странство да бидат преместени во градските карантини на две седмици, почнувајќи од понеделникот.

Бројот на случаите на заразата кои се пренесуваат локално е само четири, и тоа во неделата се регистрирани во Вухан, жариштето на епидемијата и главен град на централната провинција Хубеи.

Бројот на починатите од избувнувањето на пандемијата кон крајот на ланскиот декември до неделата досриган бројка од 3.213 смртни исходи, што е за 14 смртни случаи повеќе от претходниот ден, и сите се регистрирани во провинцијата Хубеи.

 

Сѐ помалку новозаразени во Јужна Кореја

Јужна Кореја во понеделникот извести за нови 74 случаи на зараза со коронавирусот, што е за малку помалку отколку претходниот ден, со што вкупниот број на заразио се зголеми на 8.236, со вкупно 75 смртни исходи.

Новите зарази се во тренд на опаѓање, а најновите податоци се далеку под пикот од 909 новозаразени кој беше достигнат на 29-ти февраури, и незначително пониско од 76 случаи во саботата.