Кинеските власти првиле 80 лица под сомневање дека произведувале фалсификувана вакцина против коронавирусот.
Приведените, според сознанијата, од септември полнеле дози со физиолошки раствое за да ги продаваат како вакцини, пренесе државната новинска агенција Xinhua.
Вкупно биле запленети 3.000 дози на фалсификуваната вакцината, а претреси биле извршени на неколку места низ целата држава.
Кина разви неколку сопствени вакцини против коронавирусот кои се веќе во употреба во земјата. Според тамошните власти седум препарати во моментов се во завршната фаза 3 од клиничките испитувања.
Кинеските власти поставија цел со двете дози од препаратот да вакцинираат 50 милиони луѓе до средината на февруари.