Во Кинотека најголемите негативци на филмското платно во Кино утро

Од 12 јануари, со по три филмски проекции дневно во попладневните и вечерните часови, во Кинотеката и годинава ќе се одржи традиционалното Кино утро.

„Годинава во Кинотеката доаѓаат најпознатите негативци од филмското платно Џек Скилингтон и Гру засилени со помалку познатите, но полни со потенцијал – крокодилот Лил, вечно младиот Кашеј, малиот Финик и Макс и неговата бесна дружина“, информираа од Кинотека.

На програмата се шест наслови наменети и за мали и големи деца, меѓу кои ЛИЛ, ЛИЛ, КРОКОДИЛ (Lyle, Lyle, Crocodile); КОШМАР ПРЕД БОЖИЌ (The Nightmare Before Christmas); КАШЕЈ: КРАДЕЦ НА НЕВЕСТИ (Koshchey. Pokhititel nevest); АВАНТУРИТЕ НА ФИНИК (Finnick); МИЊОНИ: ПОДЕМОТ НА ГРУ (Minions: The Rise of Gru); МАКС И БЕСНАТА ДРУЖИНА (Max und die wilde 7).