Во Кочани промовирана книга со илустрирани еротски афоризми

Книгата „Будење на петелот“ која содржи 220 илустрирани еротски афоризми на 240 страници беше промовирана во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Составувач на книгата е Миле Ѓорѓијоски кој го направи изборот на афоризми, а илустратор е Миро Георгиевски.

-Во книгата се содржани 220 илустрирани еротски афоризми кои се избрани по пат на конкурс од автори од Македонија, Полска, Србија, Романија и Бугарија, изјави Миле Ѓорѓијоски, сатиричар од Делчево и составувач.

Книгата еротски илустрирани форизми е објавена од страна на Издавачката куќа „Орион“ од Делчево, а рецензенти се Васил Толевски, афористичар од Македонија и Александар Чотриќ, афористичар од Србија.

Промоцијата се одржа во организација на Афористичката репрезентација на Македонија од Кочани.