Здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ и симпатизери на југословенскиот претседател го одбележаа „29 Ноември – Денот на Републиката“, односно поранешна Југославија.
Со возила накитени со македонски и југословенски знамиња, фотографии на патронот и други обележја, следбениците на Тито продифелираа низ кочанските улици, потсетувајќи ги граѓаните на еден од најголемите празници во поранешна Југославија.
Годинава се одбележува 81 година од основањето на социјалистичка Југославија.