![policija-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/policija-1.jpg?resize=696%2C574&ssl=1)
На 14.03.2024 полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип го лишиле од слобода Н.С.(43) од с.Горни Подлог, кочанско.
-При претрес во неговиот дом во с.Горни Подлог, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, машинка за изработка на цигари, воздушен пиштол калибар 4,5 мм и повеќе дијаболи калибар 4,5 мм за кои не поседувал документација, информира МВР.
По целосно документирање на случајот, против Н.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.