Во таборот на данскиот ракометен клуб Колдинг не се пресреќни што го добиле Металург за противник во осминафиналето во Лигата на шампионите. На нивниот официјален сајт недвосмислено се потенцира дека го добија најтешкиот противник од изборот што го имаа. Потсетуваат дека Металург минатата сезона се проби во четврт-финалната фаза и дека има силен и искусен тим, составен од македонски репрезентативци и квалитетни интернационалци.
Но, тренерот на тимот Арон Кристјансон истакна дека не треба да се плашат од атмосферата во СЦ “Борис Трајковски” и дека треба да се сконцентрираат на својата игра во првиот натпревар.
“Сите екипи што ќе настапат во осминафиналето се добри и со својот квалитет заслужуваат да бидат тука. Секако, и ние тоа го заслужуваме, особено после успесите против екипите на Киелце и на Висла Плок. Не треба да се плашиме од салата во Скопје. Треба да го почитуваме противникот и да се сконцентрираме на нашата игра, за да настапиме на највисоко ниво. Имаме добри шанси да се пробиеме во следната фаза“, рече тиј.
Среќен ниту не беше ниту директорот на клубот, Јенс Боесен, кој присуствувал на извлекувањето.
“Да, тоа е најлошиот можен избор од трите варијанти што ни беа на располагање, но тоа е така и ние ќе мораме да имаме работа со нив. Но, јас сум убеден дека имаме искуство во нашата екипа, а тоа значи дека ќе треба да го преживееме Скопје, а потоа да ја искористиме предноста на домашниот терен“, изјави Боасен.