Случај на бубонска чума е потврден кај едно лице во американската сојузна држава Колорадо, но здравствените власти сметаат дека нема сериозни причини за загриженост, пренесува весникот The Denver Post.
Ова е прв случај на зараза со оваа болест кај човек во Колорадо од 2015 година. Вкупно во оваа сојузна држава од 2005 година досега е регистриран 21 случај на чумата кај луѓе.
„Кај пациентот е откриена примарно-септична чума во крвта, која не може да се пренесе на други луѓе. Пациентот закрепна и не се откриени нови инфекции“, се наведува во соопштението на одделот за здравство на Колорадо кое го цитира телевизиската мрежа Fox News.
Лекарите веруваат дека пациентот се заразил од верверичка. Симптомите може да вклучуваат треска, главоболка, повраќања и се јавуваат една седмица по инфекцијата. Повеќето заболени добро реагираат на третман со антибиотици, особено ако болеста е рано дијагностицирана.
Бубонската чума е присутна кај животинската популација во оваа американска држава од 1940-те години, рекла за весникот ветеринарот во локалниот оддел за здравство, др Џенифер Хаус. Според неа, оваа чума главно се јавува кај глодарите, но во некои случаи може да се пренесе и на други видови, вклучително и на домашните мачки и кучиња, а повремено и на луѓето.
На интернет-страницата на одделот за здравство на Колородо се известува дека властите имаат претходно разработени планови за одовор на појава на чумата, а нивната ефикасност периодични се следи со повремени вежби.
Според Центарите за контрола и превенција на болестите, во САД од почетокот на минатиот век се регистрирани околу илјада случаи на бубонската чума кај луѓето.
Годинава случаи на зараза на луѓе со бубонска чума се регистрирани во Кина и Монголија.
Властете во урбаниот округ Бајан-Нир во автономниот регион Внатрешна Монголија на северето на Кина, објавија на почетокот од јули режим на зголемена опасност од епидемија, откако еден пациент примен во локална медицинска установа имал сиптоми вообичаени за инфицирани со бубонска чума.
Истата седмица во соседна Монголија потврдија за смртен исход по зараза со бубонска чума на 15-годишно момче во провинцијата Гов-Алтај на југозападот од земјата.