Во Колумбија живеат најмногу видови пеперуги на светот

Во Колумбија живеат најмногу видови пеперуги, околу 20 отсто од сите познати видови, според студијата којашто во вторникот ја објави музејот за национална историја во Лондон.

Меѓународен тим научници категоризирал 3.642 видови и 2.085 подвидови, регистрирајќи ги во документот под насловот „Контролен список на колумбиски пеперутки“.

Само во Колумбија може да се најдат повеќе од 200 вридови пеперуги, вели Бланка Уертас, виш кустос на збирката пеперуги во Природнонаучниот музеј во Лондон, која бил дел од истражувачкиот тим.

Истражувачите во рамките на проектот патувале низ Колумбија, анализирале повеќе од 350.000 фотографии и проучувале информации собрани од крајот на XVIII век, соопштија од музејот.

„Колумбија е земја со голема разноличност на природните живеалишта, сложена и хетерогена географија и повластена положба на крајниот североисток на Јужна Америка. Тие фактори, со чувствителниот јавен поредок во минатиот век во одредени региони, досега го ограничуваа напредувањето на ова поле“, се наведува во извештајот.

Жестоките вооружени судири во Колумбија траеја повеќе од половна век, со тоа што разните области ги контролираа левичарската герила, десничарските паравоени групации или криумчарите на дроги, со слабо пристуство на властите.

Заштитата на пеперугите во Колумбија, исто така, ќе помогне во заштитата на нејзините шуми, како и другите помалку симптоматични видови, вели Уертас.

Според податоците на националнито оддел за планирање, во периодот меѓу 2000 и 2019 година, Колумбија изгубила речиси 2,8 милиони хектари шуми, што е еднакво со површината на Белгија.