Полицијата му зададе досега најголем удар на организираниот криминал бидејќи заплени 6.134 килограми кокаин во местото Баранкилја. Кокаинот бил наменет за Шпанија, соопшти полицијата.
Дрогата и припаѓала на криминалната група Заливски клан која ја предводи Даиро Антонио Узуга, моментно најбаран криминалец во Колумбија. Неговиот клан е составен од припадници на десничарски паравоени единици.