На автопатот Штип – Свети Николе, поточно кај с.Кривидол, вчера коклу 18 часот полициски службеници забележале товарно возило „мерцедес вито“, со пробни регистарски ознаки, по што истото застанало на автопат, а возачот и совозачот се дале во бегство.
-При проверка на возилото биле пронајдени 25 мигранти и тоа 19 од Пакистан, пет од Авганистан и еден од Индија, кои биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ за понатамошна постапка, информираат од МВР.