Во Копенхаген 28 приведени поради возење електротротинет пијани и дрогирани

Данската полиција привела 28 лица во главниот град Копенхаген поради управување на сѐ популарниот електричен тротинет под влијание на алкохол и дроги.

Во текот на последниот викенд 24 лица се уапсени, бидејќи возеле електричен тротинет под дејство на алкохол, додека другите четири лица се приведени бидејќи управувале под влијание на наркотици. Тие сега мора да мплатата казна во износ од 2.000 данскии круни, или 268 евра.

Полицијата за оваа акција извести на својот официјален акаунт на Twitter, бидејќи во данската престолнина многумина се впуштаат во небезбедното користење на електричните тротинети. Овие превозни средства во Копенхаген станаа многу популарни откако сообраќајните прописи во градон им беа прилагодини.

Имено, електричен тротинет може да се изнајми преку мобилна апликација и да се паркира во рамките на одредена градска зона. Меѓутоа, новиот вид градски транспорт неретко е цел на критики, бидејќи локалното население се жали на невнимателноста на возачите и, како последица на тоа, на многу повредени возачи и пешаци.

Електричните тротинети станува популарни во многу европски градови, но во последно време и во американските мегалополиси како Њујорк, Сан Франциско или Сиудад де Мехико.

Во јуни париската градоначалничка Ан Идалго најави воведување ред во „новонастанатата анархија“ поради многу големиот број електротротинети на улиците на француската престолнина и многуте повреди со кои возачите се здобиваат во текот на управавувањет по градските улици, но не се поштедени ниту пешаците.