Во Косово пристигнале 50 милиони евра од блискоисточните земји

Педесет милиони евра се пристигнати во Косово од блискоисточните земји изминативе години, вели Бешким Зечири, кој го проучива финансирањето на тероризмот.

– Тоа се средства чие потекло треба да се утврди, да се анализираат трансакциите, да се направи аналитички профил што бара исклучително сериозен пристап. На основа на меѓународните извештаи за тероризмот, американскиот Стејт департмент објавен минатата година посочи дека косовската Влада и нејзините институции треба сериозно да пристапат кон проблемот на финансирање на тероризмот. Укажано е дека не се знае изворот на финансирање на неколку невладини организации, како и тоа дека Косово не се занимава со тоа, истакна Зечири.