Во ковид болниците во земјава се лекуваат 1.537 пациенти

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 869 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, а во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 668 лица сомнителни и потврдени на ковид се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 6 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а четири пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 319 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 37 пациенти. На Клиниката за детски болести има19 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 11 позитивни пациентки.

Вкупно 668 пациенти се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 76 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 38 пациенти, во Велес се лекуваат 68 болни, а во Куманово 143 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 112 во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 34 во Кичево 23, Кавадарци 69, а во Гевгелија 26 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.537 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.