Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 33 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 33 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, a вкупно 257 лица сомнителни и потврдени за Covid-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми.

Во ковид центарот во Градската општа болница „8-ми Септември“ имало 10 нови приеми на пациенти и 10 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во детската клинија Козле биле примени 5 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ „8-ми Септември“ има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 91 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 24 пациенти. На Гинеколошко-акушерската клиника е хоспитализирана една пациентка.

Вкупно 257 пациенти потврдени и сомнителни за Covid-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.