Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно 702 лица сомнителни и потврдени за Covid-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.
Во ковид-центарот во Гратската општа болница „8-ми Септември“ имало 8 примени пациенти и 1 бил примени на Инфективната клиника во текот на претодниот ден. Во Козле бил примен исто така еден нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 6 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 294 пациенти.
Во ГОБ „8-ми Септември“ има вкупно 141 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 12 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 65 болни.
Вкупно 702 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.