Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 64 пациенти а вкупно се лекуваaт 697 болни

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 64 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 697 лица сомнителни и потврдени за Covid-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќи, на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми.

Во ковид центарот во Гратската општа болница „8-ми Септември“ имало 8 примени пациенти и 1 бил примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле билe примени 5 нови болни, а 8 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 53 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 287 пациенти.

Во ГОБ „8-ми Септември“ во вторникот има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 65 пациенти. На Клиниката за детски болести има 23 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 65 болни.

Вкупно 697 пациенти потврдени и сомнителни за Covid-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.