Се чини дека 2018 година е идеална за брак, барем според кралското семејство. По венчавката на годината, онаа на принц Хари и Меган Маркл, на 12 октомври се подготвува за свадба и принцезата Јуџин која ќе се омажи за Џек Бруксбенк, а пред неа, по вторпат на олтар ќе застане и роднината на кралицата, лорд Ивар Маунтбатен.
Можеби оваа информација не би била премногу интересна во вообичаени услови, но лорд Ивар Маунтбаен со својата венчавка ќе влезе во историјата како првиот член на кралското семејство кој ќе се венча со својот долгогодишен партнер Џејмс Којл, а до идниот сопруг ќе го одведе неговата поранешна сопруга Пени, со која има три ќерки.
Звучи по малку комплицирано, но и интересно, особено затоа што ова е преседан во кралското семејство. Лорд Ивар Маунтабатен дал интервју за британскиот „Дејли Мејл“ во кое изјавил:
„Навистина сакав да го направам ова, посебно поради Џејмс, кој сè уште не бил во брак. За мене бракот не е важен, бидејќи веќе сум го искусил тоа и добив прекрасни деца, но инсистирам на ова, затоа што мислам дека нему му е многу важно. Џејмс немал стабилен живот како мене и сакам тоа да му го пружам.“
Венчавката ќе се одржи ова лето во приватна капела на селскиот имот на лорд Ивар во Девон, а младоженецот открил дека неговите три ќерки многу се радуваат за него.
Кога и’ ја споменав венчавката на мојата најстара ќерка Ела, таа ми рече :Тато, не грижи се, не е тоа веќе толку скандалозно. Денес тоа е сосема нормално, открил лорд Ивар и додал дека на церемонијата ќе присуствува најблиското семејство и пријателите.