Во Краматорск 10 мртви, украинската војска го контролира градот

За време на специјална операција на украинските сили за безбедност во Краматорска во Доњетската област, според најновите информации, загинале речиси 10 лица, а војниците со исклучок на централниот плоштад и градското собрание, го контролираат градот, јавуваат денеска руските медиуми.

„За време на операцијата во Краматорска загинале 10 лица, вклучувајќи двајца војници. Војниците досега успеаа да ги заземат сите згради, зградата на Министертвото за внатрешни работи и Службата за безбедност на Украина, а заземена е и телевизиска кула. Се исклучуваат руските канали и се вклучува емитување на украински“, јавил новинар на руската телевизија Росија 24, јавува новинска агенција Интерфакс.

Агенцијата пренесува и соопштение на министерот за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков објавено на неговиот профил на Фејсбук во кое се наведува дека во текот на изминатата ноќ Националанта града и оружените сили зазеле телевизиска кула.