Во Крим се регистрирани над 1,5 милиони гласачи

Изборната комисија на Крим објави дека се регистрирани над 1,5 милиони гласачи за референдумот со кој треба да се определи статусот на автономната република, пренесе „РИА Новости“.

„Ги направивме списоците на избирачите. Вкупно во гласањето можат да учествуваат 1.515.000 лица. Во овие податоци не се вклучува Севастопол, кој има сопствена изборна комисија“, рекол претседателот на Изборната комисија на Крим, Михаил Малишев.

Тој посочи дека сите гласачки ливчиња биле доставени под сигурна стража до сите 27 територијални комисии, што ќе почнат со распределбата на гласовите по избирачките места.