Новата Ковид болница си место за 500 пациенти чија изградба започна пред 4 месеци е отворена во Крушевац, на денот кога Србија бележи повеќе од 300.000 случаи на коронавирус од почетокот на епидемијата.
После установата во Батајница отворена на почетокот на декември, ова е втора болница која би требало да го расатерети здравственмиот систем, кој бележи голем број нови случаи на зараза секој ден.
Според последните информации, во болниците во Србија има над 9.600 заразени од Ковид 19. Кои се болници се во Ковид системот и колкави се капациететите, новинарите на Би-Би-Си не успеале да дознаат од Министерството за здравство.
На отворањето на крушевачката болница, претседателот на Србија, Александар Вучиќ рекол дека во неа ќе работат над 600 лекари, сестри и друг медицински персонал.Новата болница почна да прима пациенти од денеска утрово, а на почетокот лекарите во неа ќе работат со вработените од Клиничкиот центар во Ниш.
Таа треба да го намали притисокот на тој центар, во кој во првиот бран на епидемијата се згрижувале пациенти од овој дел на Србија со тешка клиничка слика.
Вучиќ на отворањето навел дека во болницата ќе има „150 монитори и респиратори“.