Во крвавиот конфликт во Судан најмалку 56 загинати и над 590 ранети

Во борвата за власт меѓу армијата и паравоените сили во Судан загинаа најмалку 56 лица, а 595 се повредени, соопшти Централниот комитет на суданските лекари, пишува Би-Би-Си.

Судирите избија по тензиите околу предложената транзиција кон цивилно владеење. Армијата и нејзините противници, паравоените сили за брза поддршка (РСФ), се бореа за контрола над аеродромот и други клучни локации во Картум, каде борбите продолжија во текот на ноќта.

Денеска во раните утрински часови се слушна тешка артилерија во Омдурман, кој се граничи со Картум и блискиот Бахриј. Очевидци, исто така, пријавија пукање во градот Порт Судан на Црвеното Море.

Војската соопшти дека авионите биле насочени кон базите на РСФ, а воздухопловните сили на земјата им рекле на луѓето да останат во своите домови минатата ноќ додека спроведуваат целосен авионски преглед на паравоените активности. Жителите на Картум изјавија за Би-Би-Си за нивната паника и страв, а еден од нив опишува како куршуми биле испукани во соседната куќа.

Тројца вработени во Светската програма за храна (WFP), тело на ОН што доставува помош во храна за ранливите заедници, беа убиени откако РСФ и вооружените сили размениле оган во воената база во Кабкабија, на западот на земјата.