Во крвта на починатиот пејач на The Prodigy најдени кокаин, алкохол и кодеин

Истрагата не ги утврдила точните околности за смртта на вокалистот на бендот The Prodigy, Кит Флинт, но во неговата крв се најдени алкохол, дрога и медикаменти, се наведува во материјалите од сослушувањето на судската медицина во грофовијата Есекс.

„Според резултатите од аутопсијата, во неговиот организам се најдени значително количество кокаин, алкохол и кодеин“, се наведува во извештајот.

Лекарот од мртовечницата, Керолајн Бизли-Мареј, која го води случајот, е склона да верува дека смртта на Флинт настапила како резултат на самоубиство, но во извештајот истакнала дека материјалите од делот не даваат доволно докази за таков заклучок.

„Нема суштински докази дека смртта е случајна или е последица на активност на Флинт. Имам намера да дадам отворен заклучок. Никогаш нема да знаеме што точно се случувало во неговиот ум тој ден, затоа го оставам заклучокот отворен“, рекла.

Блиските на Флинт и претставникот на бендот не се појавиле на сослушувањето.

На почетокот од март 49-годишниот Кит Флинт беше најден мртов во неговиот дом во англиската грофоцвија Есекс. Членот и основач на Prodigy, Лиам Хаулет на Instagram објави дека музичарот извршил самоубиство.