Триесет и пет зони за платен бежичен интернет достапен за граѓаните ќе бидат отворени од јули на Куба.
Такво нешто ќе се случи за првпат во таа држава каде пристапот до интернет е целосно контролиран.
Пет од тие зони ќе бидат во Хавана, а останатите во други големи градови. Засега не е јасно какви тарифи ќе се определат за бежичен интернет.
Претходно единствените места со интернет беа хотелите каде цените се во просек – 10 долари за еден час.