ТИРАМИСУ
Состојки:
400 мл слатка павлака
25 гр маскарпоне сирење
5 лаж. кафеав шеќер
0,5 мл рум
400 мл сварено и оладено кафе
30 гр пишкоти
2 лаж. какао
путер за подмачкување
густин (по потреба)
Подготовка:
Измешајте слатка павлака, маскарпоне, рум, шеќер се додека не добиете крем. Ако не ви е доволно згустена смесата, додадете малку густин. Тавката подмачкајте ја со путер, пишкотите потопете ги во кафето и наредете ги една до друга.
Наредентите пишкоти прекријте ги со крем. Повторно наредете пишкоти потопени во кафе.Завршете ги со останатиот крем и посипете ги со какао во прав (низ цедалка за чај).
Пред да го послужите колачот оставетего во фрижидер барем 3-4 часа.