Во Куманово протестен марш на инцијативата „За заедничка Македонија“

Жители на Куманово и вечерва се приклучија на протестниот марш во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“. Упатија пораки за унитарна Македонија и отфрлање на т.н „тиранска платформа“.

Маршот почна од пред спортска сала, продолжи низ централното градско подрачје,а заврши пре Центарот за култура.

Поддржувачите на „За заедничка Македонија“ истакнаа дека нема да дозволат воведување двојазичност и промена на државното знаме, химна и грб.

Учесниците на протестниот марш ги повикаа граѓаните да застанат, како што рекоа,  на браникот на Македонија и нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.