Во Либан повици за востание против власта, премиерот свика итен состанок на владата поради оставки

Дел од Либанците кои во неделата протестираа повика на востание до соборување на владата, по протестите и изливот на гневот на јавноста поради екслозијата од минатата седмица која разори значителен дел од либанската престолнина Бејрут, а истовремено премиерот Хасан Диаб свика итен состанок на кабинетот за разгледувае на ситуацијата по информациите за оставки од голем број министи, пренесува телевизијата Al Arabiya.

Демонстрантите ја повикуваат владата да отстапи, повикувајќи ја за негрижа која доведе до екслозијата во вторникот. Гневот на жителите на Бејрут во саботата во центарот на главниот град прерасна во насилство. На масовните антивладини протестите, меѓу другите, повика и лидерот на опозициската партија Катаиб, Сами Жмаијел. Тој и неговите поддржувачи ја обвинуваат владејачката коалиција за раширена корупција, бараат предвремени избори и независна истрага за експлозијата од 4-ти август

Христијанскиот маронитски партијарх Бешара Бутрос ал-Раи изјави дека владата мора да отстапи, доколку „не може да го промени начинот на кој владее“. „Оставките на пратеници или министри не се доволни. Целата влада треба да отстапи, ако не може да ѝ помогне на државата да закрепне“, изјави партијархот Бешара во текот на неделната проповед.

Во неделата оставка најави министерката за информирање, Манал Абдел Самад, како причина наведувајаќи ја експлозијата и неуспехот на владата во носењето реформи и посакувајќи ѝ „на саканата татковина што поскоро да ја постигне својата благосостојба“. Притоа им се извни на Либанците затоа што од нејзината должност „не успеала да ги оправда нивните очекувања“. Нејзиниот пример го следеа и министрите за економија и за животна средина.

Протестите во саботата беа најголемите од ланскиот октомври кога илјадници Либанци излегоа на улиците незадоволни проади корупцијата и лошото управување со земјата. Околу десет илјади луѓе се собраат во саботата вечерта на Плоштадот на мачениците претворен во воена зона меѓу полицијата и демонстрантите кои се обидоа да ги пробијат бариерите на авенијата кон парламентот. Дел од демонстрантите успеаја да влезат во некои министерства и во филијали на либанските банки, од каде беа изнесувани и уништувани документи.

Демонстрантите фрлаа камења и пиротехника врз полицијата којашто возвраќаше со солзавец. Убиен е еден полицаец а уште 70 негови колеги се повредени, околу 420 демонстранти настрадале во насилствата. Петмина демонстранти се уапсени.

Во понеделник, 10-ти август, треба да бидат објавени прелиминарните резултати од истрагата за стравичната експлозија во бејрутското пристаниште. Според сегашните сознанија, во текот на заварување на магацини се случил пожар кој ги детонирал 2.700-те тони амониум нитрат кои шест години биле чувани во складиштето, целосно уништувајќи ја инфраструктурата на пристаништето. Во детонацијата уништен е најголемиот силос за жито во Либан, а разуранти се или делумно оштетени речиси половината од сите објекти во Бејрут. Досега потврдени се 158 жртви, по шеесетина сѐ уште се трага, а со разни степени на повреда во болниците се примени 6.000 лица. Без своите домови останаа над 300.000 луѓе, од кои третина се деца.

За многу жители на Бејртут ова беше трагичен потсетник на граѓанската војна од 1975 до 1990 година, во која речиси целосно беа уништени големи делови од градот.